Петар Печков
Објавено: недела, 12 декември 2010
Во саботата во салата на ОУ Блаже Конески се сретнаа женските одбојкарски екипи на Борец Брако и Форшпед. Со уверливи 3:0 победи екипата на Форшед, при тоа препуштајќи им на одбојкарите на Борец 20, 23 и 17 поени во трите сета.
Ова е историски меч бидејќи досега не се случило во некој екипен спорт две велешки екипи да се сретнат во прва лига. Градски дерби натпревари имало во фудбал помеѓу Борец и Металург, но тоа било во Втората фудбалска лига.
Tweet |